Skopje Dance New Year 2015


Venue: Boris Trajkovski

Location: Skopje, Macedonia

Date: Dec 31 to Jan 01

Length: 10:00 pm - 07:00 am

Ticket Price: ден.700


ДОЧЕКАЈТЕ ЈА НОВАТА 2015-та ЕУФОРИЧНО!!!

SKOPJE DANCE NEW YEAR 2015
Со огромно задоволство ви ги претставуваме едни од најголемите светски транс артисти на сите времиња, легендарното дуо Max Lanfranconi & Maurizio Beggoti, со спектакуларен настап во живо со нивните два студиски проекти ETNICA & PLEIADIANS, директно од Ибица – Шпанија.

♫ ETNICA – LIVE PERFORMANCE (Etnicanet rec) IBIZA
www.etnicanet.net

♫ PLEIADIANS – LIVE PERFORMANCE (Etnicanet rec) IBIZA

♫ GALACTIC EXPLORERS (Galactic rec.) SKOPJE

♫ DJANTRIX – LIVE PERFORMANCE (Galactic rec.) SKOPJE

♫ WINGMAN – Phantasm Records (Maharetta rec.) GREECE

♫ ALBIORIX – PsyFreq/Kanal 103

***********************************************************************

ETNICA се Max LANFRANCONI и Maurizio BEGOTTI, пионери на електронската сцена од доцните 80-ти. Потекнуваат од Милано-Италија, но во моментов живеат и работат на островот Ибица. Од самиот почеток гости се на најпознатите светски настани. Низ целата планета имаат армија од фанови кои верно ги следат до ден денес. Инспирација се за огромен број на артисти уште од златната ера на гоа трансот во 90тите години од минатиот век, негувајќи го овој правец преку нивниот втор проект PLEIADIANS, кој нашата публика ќе има можност да го слушне исто така на сцената во СЦБТ. Музика од нивните два проекти е издадена на label-и од рангот на Spirit Zone, Blue Room, Dragonfly, Flying Rhino, Solstice Music, Neurobiotic, додека легендарните хитови Triptonite и Vimana и во денешно време се издаваат како ремикси од голем број на артисти. Сопственици се и на label-от Etnicanet за кој издаваат артисти како: Hallucinogen, Shpongle, GMS, Eat Static, Dickster, Dino Psaras, Wizzy Noise, Wrecked Machines, Bamboo Forest, Aes Dana, Kox Box, Saikopod, Rinkadink, Alternate Vision, Deedrah, Atomic Pulse, Earthling и многу други.
Нивната огромна популарност и неизмерен музички квалитет им овозможи соработка со Sony Playstation, Ferrari и Ducati, за чии потреби Макс и Маурицио креираа музика.

***********************************************************************
• Line Array Sound System
• Професионално осветлување
• Промоција на најнова ласер технологија
• LCD Screen Бина
• Видео бимови и проекции
• Жонглери
• Огнен перформанс
• Art Bazaar
• Изложба

***********************************************************************
Цената на влезниците во претпродажба ќе изнесува 500 денари и истите ќе можете да ги набавите веќе од 24 ноември (понеделник) низ цела Македонија на сите продажни места во мрежата на Купи Карти За Се http://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations
како и на следниве локации:
– кафе бар Кино Карпош – Скопје
– Куманово (077942845)
– Тетово (072241020)
На влез, цената на картата ќе изнесува 700 денари

***********************************************************************
Се гледаме сите на подиум! See ya all on the dancefloor

SKOPJE DANCE NEW YEAR 2015